Иван Сушко, шефот на проруските воено-цивилни власти во Михајловка, во областа Запорожје, загина денеска во експлозија на автомобил, пренесува ТАС С.
– Под неговото седиште во возилото била поставена експлозивна направа – објавија на Телеграм руските власти на Запорожје.
Според Владимир Рогов, висок функционер на руските власти во областа Запорожје, Сушко бил тешко повреден во експлозијата и починал во болница, јави ТАС С.
Михаиловка е под команда на руските сили, а Сушко наводно се согласил да соработува со Русите кога тие ја окупирале областа.
Како што пренесуваат украинските медиуми, тој наводно бил во автомобилот со ќерката на својата љубовница, руските медиуми не соопштија ништо за тоа.
Breaking: Another high-profile collaborator, Russian-backed head of Mykhaylivka village of Zaporizhzhya Oblast Ivan Sushko died in a car blast. Before Russian occupiers promoted him, Sushko worked as a wedding toastmaster and occasional Santa Clause. Another one bites the dust. pic.twitter.com/1zeDuuIiSL
— The New Voice of Ukraine (@NewVoiceUkraine) August 24, 2022
Инаку, Михаиловка е под команда на руските сили, а Сушко наводно се согласил да соработува со Русите кога тие ја окупирале областа, по што добил функција во локалната администрација.
Како што пишуваат украинските медиуми, пред руските власти да го промовираат Сушко, тој работел сосема поинаква работа. Како што објави порталот „The New Voice of Ukraine“ на својот Твитер профил, Сушко бил задолжен за „говори и здравици“ на свадбените веселби, а повремено глумел и Дедо Мраз.