Иван Сушко, првиот човек на Михаиловка во Запорожје, загина откако експлодира неговиот автомобил.
Трагедијата се случила околу 8 часот по локално време, а се уште не е познато како дошло до експлозијата.
Според украинските медиуми, во моментот на експлозијата во возилото се наоѓал Сушко со детето на неговата љубовница.
Инаку, Михаиловка е под команда на руските сили, а Сушко наводно се согласил да соработува со Русите кога тие ја окупирале областа.