Денеска пороен дожд и грмежи

Од:

Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција