ФБИ смета дека со серијата акции против најистакнатите „хактивисти“ и апсењето на неколку хакери успеале да го неутрализираат движењето „Анонимус“.
Лидерите на Бирото задолжени за кибер криминал веруваат дека со апсењето на петмината членови на групата „Лилзсек“ било доволно движењето значително да ослабне.
– Тие момци беа големи играчи во движењето Анономус и голем број се угледаа на нив, особено поради тоа што се успеаа да постигнат, истакнува Остон Берглас, специјален агент на ФБИ.
Движењето се уште е тука, се уште пишуваат на Твитер, но не излегуваат во јавност со такви големи работи. Тоа едноставно веќе не се случува, а тоа е поради фактот што успеавме да им ги „отстраниме“ најголемите играчи, нагласува Берглас во интервју за „Хафингтон пост“.
„Лилзсек“ беа одговорни за некои од најголемите хакерски напади во изминатите неколку години, меѓу кои упадот во системите на „Сони“ и телевизиската мрежа „Фокс“, како и за краткото соборување на сајтот на ЦИА.