а речиси неколку часа дел од Офиниот напис, еден од најважните древни споменици во Велика Британија, целосно е уништен.
Штетата направена врз 1.200 години стариот напис, ставен на листата на светското културно наследство, експертите ја опишаа како „кога некој би направил пат низ Стоунхенџ“.
Овој споменик од осмиот век е долг 132 километри и се наоѓа долж границата меѓу Анлија и Велс. Се верува дека го изградил Офа од Мерша меѓу 757 и 796 година, со цел да ја означи границата меѓу Велс и Мерша и да ја заштити својата земја од напади.
Уништувањето на овој споменик е кривично дело, а одговорниот за него се соочува со казна од шест месеци затвор или парична казна од околу десет илјади евра.
Уништениот дел се наоѓа во близина на познатиот аквадукт Понткисилте преку реката Ди во северниот дел на Велс.
Најмалку 46 метри од написот е уништен од сопственикот на околниот имот, за кој локалните жители изјавија дека ја чистел тревата долж написот. Сопственикот на земјиштето, кој тврди дека го купил минатиот месец, изјави дека не знаел ништо за неговото историско значење.
– Живеам тука цел жиот и никогаш не сум слушнал за Офиниот напис. Го купивме земјиштето од соседите и сакавме тука да поставиме штали. Никој не ни кажа дека станува збор за историски споменик, рече тој.
Според преданието обичај било Англичаните да му ги отсечат ушите на секој жител на Велс, кого ќе го пронајдат источно од написот. Жителите на Велс, пак, го беселе секоја Англичанец кој ќе се најде западно од него.