Вчера, на неколку минути пред 20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Миле Поп Јорданов“ (подрачје на Карпош) пред угостителски објект имало повредено машко лице од оружје.
„Потоа тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект помеѓу Б.Ѓ.(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ..“ велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.