Британските разузнавачи во своето ново соопштение објавија дека на Русија и е тешко да ги мотивира надворешните соработници да и помогнат на нивната војска во Донбас. Минатата недела на украинските социјални мрежи вирално се појави видео на кое наводно се гледаат војници од самопрогласената Луганска Народна Република како одбиваат да учествуваат во офанзивна операција.
Војниците тврдеа дека веќе ја исполниле својата должност со преземањето на контролата над Луганск и дека не сакале да се борат во соседниот регион Доњецк, и покрај заканите од командантот, се вели во соопштението.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 22 August 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/yI2OUa5eEe
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/gckTwVSILW
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) August 22, 2022
Ограничувања на принудните овластувања
Во извештајот на Министерството за одбрана се додава дека на Русија и е тешко да ги мотивира своите помошни сили да им се придружат на нејзините редовни трупи во Донбас. Ова доведе до тоа што командантите најверојатно прибегнуваат кон користење финансиски стимулации за да ги воведат трупите во борба.
Причината поради која Русија го има овој проблем е тоа што таа постојано ја класифицира својата војна со Украина како „специјална воена операција“, која последователно ги ограничува овластувањата на државата за правна принуда, според британското Министерство за одбрана.