Дејвид Комбс, адвокат на американскиот војник Бредли Манинг кој беше осуден на 35 години затвор заради оддавање доверливи податоци, најави дека ќе бара помилување за својот клиент од претседателот на САД, Барак Обама.
Адвокатот Комбс по објавувањето на пресудата, во изјава пред новинари прочита порака која Манинг за подготвил за американскиот претседател.
– Ако го одбиете моето барање за помилување, ќе ја издржам казната за која сум осуден знаејќи дека понекогаш мора да се плати висока цена за да се живее во слободно општество, се вели во пораката на Манинг.
Белата куќа наведе дека ќе биде разгледана секоја молба што ќе ја упати Манинг или неговиот адвокат.