Иран ја суспендира од берзата најголемата челичарница по сомнежите за корупција

Од:

Берзата во Техеран го суспендира најголемиот ирански производител на челик Мобараке (Mobarakeh Steel Company)по извештајот на Парламентот, во кој постои сомнеж за поткуп во износ од три милијарди долари.

Одлуката за суспензија уследи неколку дена по извештајот во кој се обвинува раководството на Мобараке, со седиште во централната провинција Исфахан, за измама, корупција, непотизам и трговија со влијание во периодот од 2018 до 2021 година. За тоа компанијата потрошила три милијарди долари.

Во извештајот на 295 страници се наведува дека челичарницата исплаќала големи суми на министерства, судски институции, префектури, државната телевизија, полицијата, пратеници, па дури и на имами.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он