Царинските службеници од граничниот премин Богородица вчера запленија 661 парче непријавена муниција при контрола на комбе со грчки регистарски таблици, пријавено за влез во Македонија.
Возилото го управувал грчки државјанин, а муницијата била сокриена во просторот под седиштата. Била пакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик не поседувал дозвола од македонското Министерство за внатрешни работи на Република, неопходна при увоз на таква стока.
Пронајдената муниција е со калибар од 7 мм до 10мм.
Станува збор за 448 парчиња од 8мм, 102 парчиња од 9мм, 11 парчиња од 9,5мм, 25 парчиња од 7мм и 75 парчиња од 10мм.
Муницијата, чијашто царинска вредност изнесува околу 13 илјади денари е привремено задржана. Царинската стапка за увоз на виков вид стока изнесува 25 проценти од вредноста. Против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка согласно Царинскиот Закон.