УСЈЕ: Пожарот е изгаснат во најкраток рок, нема повредени, настаната е само материјална штета

Од:

Денес, околу 11:30 часот, во Цементарница УСЈЕ АД Скопје се случи пожар, кој најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш беше известена противпожарната служба. Вработените во УЈСЕ реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење, известуваат од УСЈЕ.

„По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот целосно беше ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид. УСЈЕ ги информираше сите надлежни институции за случајот. Увидот ќе продолжи за финално да се утврдат причините“, соопштуваат од УСЈЕ.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три