Општина Аеродром: Избришани се над 7 маркици за градба во централниот дел од општината

Од:

„Добро е што СДСМ го отвора прашањето за огромниот број станбени објекти кои тековно се градат во централниот дел на Општина Аеродром. Сепак, ноторен факт е дека сите тие процедури и одобренија за градба потекнуваат токму од времето кога СДСМ беше локална власт во Аеродром“, реагира Општина Аеродром на соопштението на СДСМ Аеродром.

„Истовремено, ноторен факт е и дека се избришани над 7 маркици за градба во централниот дел од општината кој заради лошото урбанистичко планирање во времето на СДСМ и Марин се претвори во урбана џунгла. Токму на една таква локација, јавно ќе ги поканиме од СДСМ Аеродром наредниот месец на отпочнувањето активности за изградба на нов парк од 6,000 м2.

Градоначалникот Муцунски посветено работи на хумана урбанизација надвор од централното јадро на Општината, инвестиции во ново зеленило и нови проекти кои за жал не беа видливи кога СДСМ беше на власт“, се додава во реакцијата на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода