Кошаркарите на Шпанија вторпат ја совладаа Македонија, сега со високи 77:55 (22:19, 16:8, 24:17, 15:11).
За разлика од првиот меч кога македонските кошаркари одиграа одлично второ полувреме, во кое покажаа карактер и се вратија по неагтива од 17 поени, во вториот меч Македонија одигра добро во првите 17 минути.
Бо Мекејлеб со 11 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, по седум поени постигнаа Војдан Стојановски и Чековски, Шпанија ја предводеше Марк Гасол со 13 поени, додека Рубио постигна девет кошеви, Руди Фернандез и на оваа средба не настапи за Шпанија.
Македонската репрезентација од Шпанија ќе се пресели во Германија каде од 23. до 25.август, во Улм ќе учестува на турнир заедно со Греција, Германија и Босна и Херцеговина.