Теодорикакос: Провокативни, невистинити и нереални се изјавите дека Грција е центар за обука на терористи

Од:

Изјавите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу дека Грција е центар за обука на терористи се провокативни и немаат врска со вистината и реалноста и цела Европа го знае ова, вели министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодорикакос, додава дека „Турција продолжува да ги злоупотребува несреќните луѓе, нелегални мигранти, како што го стори тоа во март 2020 година, туркајќи ги, многупати насилно, кон нашите граници, кои се границите на Европа со Турција“.

– Нема да го дозволиме тоа. Ги браниме нашите граници во име на меѓународното право, истакна грчкиот министер.

Како што пренесуваат грчките медиуми, министерот за внатрешни работи на Турција, Сојлу рекол дека Грција обучува членови на ПКК во Лаврио во близина на Атина, по што следеше и демантот од Теодорикакос.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк