Шумскиот пожар во Валенсија, што гори веќе петти ден, е вон контрола и за негово гаснење ангажирани се 35 канадери.
Досега изгореа 19.000 хектари шума. Тоа е еден од најголемите пожари во Шпанија годинава.
Регионалната Влада соопшти дека гаснењето на пожарот е отежнато од силните ветрови.
Во Шпанија во шумски пожари годинава изгореа четирипати повеќе шума отколку во текот на изминатата деценија.
Шпанското Министерство за екологија до почетокот на август забележа 43 големи шумски пожари, додека во претходните години просекот беше 11 пожари.
Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари, годинава во Шпанија изгореле 284.764 хектари шума. Тоа е четирипати повеќе од просекот од 2006 година.
Извор: МИА