Американскиот војник Бредли Манинг, кој на интернет страницата Викиликс нелегално и испрати стотици илјади тајни и доверливи документи од Пентагон и од Стејт департментот, е осуден на 35 години затвор во САД.
Судијата, полковник Дениз Линд, кој минатиот месец го прогласи Манинг за виновен по 20 обвиненија, вклучувајќи шпионажа и кражба, можеше да го осуди американскиот војник на казна до 90 години затвор. Обвинителството побара 60 години затвор.
Манинг ќе биде отстранет од оружените сили на САД без почести и ќе биде казнет со тоа што нема да добие дел од наградата која му следува како војник.