Во раните утрински часови кај Умаг, Хрватска, се случило злосторство. Полицијата во 4.55 часот добила пријава од Брза помош дека пронашле тешко повредена 40-годишна жена од Италија.
Несреќната жена по еден час го загубила животот поради тешките повреди кои ги имала, а првите информации се дека станува збор за кривично дело во стан во кој престојувале гости, 40-годишна жена и 30-годишен пријател кои се карале во претходните денови.
Полициската управа на Истра соопшти дека уапсила 30-годишен италијански државјанин кој е поврзан со трагедијата и во моментов се води истрага.