Приведен крадец од тетовско, украденото вратено на сопственикот

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11.00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток, извести МВР.

Одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници