Руската Црноморска флота назначи нов командант

Од:

Руската Црноморска флота, вкотвена во пристаништата на анектираниот полуостров Крим, назначи нов командант, јавија денеска руски медиуми, повикувајќи се на информирани извори, по бројните експлозии во изминатите девет дена што ги потресоа тамошните руски воени бази.

Доколку се потврдат информациите, разрешувањето на претходниот командант на Црноморската флота, Игор Осипов, ќе го означи најважното отпуштање на воен функционер за речиси шест месеци откако Русија ја започна војната против Украина.

Според руските медиуми, новиот командант Виктор Соколов бил претставен пред членовите на воениот совет на флотата во пристаништето Севастопол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот