Хрватот заробен во Украина се изјасни за невин и дека не се борел против руските сили

Од:

Хрватот кој беше заробен во Украина се изјасни за невин пред судот во Доњецката Народна Република, а властите на таа самопрогласена република под руско покровителство го обвинуваат дека учествувал во соборувањето на владата како украински платеник, а му се закануваат со смртна казна, известуваат хрватските медиуми.

„Тој изјави дека неговите должности на бојното поле биле ограничени на следење на непријателските позиции и дека не учествувал во вооружени конфликти против руските сили. Последен пат пукал пред почетокот на војната во Украина, јавуваат руските медиуми кои можат да го следат судењето“, објави словенечката новинска агенција СТА.

На 15 август, судот во отцепениот украински регион го започна судскиот процес против Хрватот, Швеѓанецот Матијас Густавсон и Британците Џон Хардинг, Ендрју Хил и Дилан Хили. Тројца се обвинети за обид за „насилно преземање на власта или насилно задржување на власта“ и за „учество во воен конфликт или воени операции како платеници“, пишува руска Известија.

Тие се соочуваат со смртна казна, додека Хил е обвинет само за второто и Хели за „ангажман во регрутирање платеници за употреба во вооружени конфликти“.

Интерфакс наведува дека следното рочиште ќе се одржи во октомври. Руските медиуми објавија видеа на кои се гледа дека обвинетите се во кафез во судот. Хрватска претходно најостро го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против нивниот граѓанин, притворен во таа самопрогласена република.

Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за постапување со заробените цивили и воени затвореници“, објави претходно овој месец хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски