ЕУ го разгледува одговорот на Техеран за обнова на договорот за иранската нуклеарна програма

Од:

Европската унија денеска соопшти дека го анализира одговорот на Техеран по однос финалната верзија од нацрт-договорот за обновување на договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма.

САД синоќа соопштија дека веќе го информирале високиот претставник за заедничка надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за нивниот одговор по текстот на нацрт-договорот претсавен на 8 август во Виена.

Портпаролот на Борел, кој инаку ги координираше разговорите за враќање на Иран и САД кон договорот, потврди дека доцна синоќа го добиле ставот на Техеран по документот.

„Го проучуваме и се консултираме со другите учесници во разговорите и со САД“, рече портпаролот.

Евентуално постигнување договор по оспоруваната нуклеарна програма на Иран би водело кон укинување на американските санкции на иранската нафта, можност што уште во најава придонесува за пад на цените на нафтата на светските берзи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

САД воведоа нови санкции кон Иран

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет