Во две работилници, во кругот на фабриката Трудбеник во Белград, во пожар изгореа два „Поршеа“, едно „Ауди“, два мотори за автомобили и 16 моторцикли, јавува српски Телеграф.
Се работи за скапоцени олдтајмери, вредни повеќе стотини илјади евра. Според белградските медиуми, возилата биле на реставрација.
Со брзата акција на пожарникарите спречено е ширење на пожарот на блиските работилници со лесно запаливи бои и лакови.