Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него бугарско знаме.
„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.
Истата фондација која пред четири месеци објави дека низ Скопје залепила 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме ист народ со Бугарите.