Украина: Секој ден се зголемува опасноста за нуклеарката во Запорожје, ова е руски тероризам

Од:

Опасноста за нуклеарната централа Запорожје, на југот на Украина, каде Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање повеќе од една недела, „се зголемува секој ден“, изјави денеска градоначалникот на градот каде се наоѓа електраната.

„Опасноста се зголемува секој ден“, рече Дмитро Орлов, градоначалник на Енерходар, осудувајќи го „вистинскиот нуклеарен тероризам“ на Русија, кој „во секој момент може да заврши со последици“.

„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села, ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација“.

Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март. Дмитро Орлов, лојален на Киев, се засолни во Запорожје, голем град во областа.

Според него, гранатирањето на Енерходар започнало во последните 24 часа, „што досега не се случило“, а во неделата загинал цивил, 45-годишен маж.

Нуклеарната централа Запорожје од минатата недела е цел на гранатирање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат, што ги подгрева стравувањата од нуклеарна катастрофа, поради што во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски