За две недели во Албанија приведени над 300 илегални имигранти

Од:

Албанија се повеќе станува транзит за илегалните имигранти од азиските и африканските земји, чија цел е да стигнат во некоја од западноевропските земји, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тоа го потврдува и полициската статистика, според која во период од две недели пограничната полиција од Полицискиот комесаријат во Ѓирокастро привела 303 нелегални емигранти, кои биле вратени назад во Грција, од каде и што влегле на албанска територија.

Во последната акција реализирана денеска на четири одделни места во близина на преминот Какавија, полицијата открила и привела 69 нелегални емигранти. Вчера приведе 34 нелегални емигранти од Мароко и Алжир, додека пред три дена на три одделни места во близина на преминот Какавија, беа приведени 55 главно државјани на Пакистан и Алжир.

Нелеганите емигранти главно се државјани на Пакистан, Авганистан, Сомалија, Мароко и Еритреја. Најмногу емигранти се откриваат на јужната граница на Албанија со Грција, каде што преку донираните камери на САД поставени на граничниот појас полицијата открива групи на емигранти кои нелегално влегуваат од грчка на албанска територија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски