Додик: Босна и Херцеговина не побара од никого, па ни НАТО, посебни мерки

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека Босна и Херцеговина не барала од никого за неа да носи никакви посебни услови и мерки за тоа, вклучително и НАТО.

Тој рече дека НАТО нема никаква улога во БиХ и дека не е чувар на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Реагирајќи на преписката меѓу министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во која Столтенберг изјави дека НАТО развива сет мерки, посебно за БиХ, Додик оцени дека „станува збор за уште една злоупотреба“.

Според него, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, која претходно испрати писмо до Столтенберг, во кое се вели дека „Босна и Херцеговина се соочува со бројни предизвици, а во светло на актуелните настани во Европа и регионот“, нема никакви овластувања во полето на одбраната, ниту на надворешен, ниту на внатрешен план.

„Единствено компетентно место за комуникација со НАТО и другите земји за воени прашања е Претседателството на Босна и Херцеговина, кое овој пат беше заобиколено. Тоа е ујдурма на муслиманската страна, која се обидува да обезбеди дека на единствен начин ја претставува Босна и Херцеговина, што, се разбира, не е вистина, нагласи Додик за новинската агенција Срна, пренесува Бета.

Тој додаде дека ова треба да го знае и генералниот секретар на НАТО, оценувајќи дека, ако не го знаел ова, тогаш „непотребно се вовлекувал во преписката за тоа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Додик: Ова е првенствено политички процес

Горан Наумовски

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ