Администрацијата на претседателот Барак Обама се противи дури и на ограничена американска интервенција во Сирија, затоа што верува дека бунтовниците кои се борат против режимот на Башар ал Асад, нема да ги поддржат интересите на САД, доколку ја освојат власта, изјави генерал Мартин Демпси, началник на генералштабот на американската армија.
Во писмо испратено до еден конгресмен, генерал Демпси отфрла секаква можност за употреба на американските крстосувачки ракети, или на други воени можности што во основа, би значеле влегување на американските војници на сириското тло.
– Американската армија е способна да се пресмета со сириските воздухопловни сили и да го измести воениот баланс во полза на опозиционите бунтовници, вели Демпси, објаснувајќи дека таквиот приод на работите ќе предизвика влегување на САД во една нова војна во арапскиот свет, која не би нудела мирно разрешување на ситуацијата во Сирија, заробена со етничките и верските противречности.
Според овој американски генерал, ситуацијата во Сирија не се сведува на избор меѓу две страни, туку меѓу повеќе, а страната што САД би ја одбрала, би требало да заастана во одбрана на своите, но и на американските интереси. А, таква страна нема во Сирија-констатура началникот на генералштабот на американската армија, генерал Мартин Демпси.
Претседателот Обама уште во 2011 година го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од функцијата, но одбива било какво американско директно вклучување во конфликтот.