52. Струшки вечери на поезијата почнуваат утре, лауреатот Пачеко пристигна во Струга

Од:

 

Струга, 21 август 2013 (МИА) – Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, и со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата во Струга, утре почнува 52. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Добитникот на „Златниот венец“ за 2013 година пристигна во Струга. Според директорот Мите Стефоски, доаѓањето на 74-годишниот Пачеко за да ја прими наградата е голема чест за Фестивалот.

– Имајќи ја предвид возраста и здравствената состојба на Пачеко, најголемо признание за нас е што дојде лично да ја прими наградата, изјави Стефоски.

Престижната награда на Пачеко ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“, а поетскиот портрет на лауреатот ќе се одржи ден претходно, во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Фестивалот ќе се одржува во Домот на поезијата во Струга до 25 август, а следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија.

Во рамки на фестивалот во петок ќе биде објавен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2013 година, која СВП ја доделува за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу два фестивала.

На фестивалската програма се предвидени промоција на книги од едицијата „Плејади“, изложби, симпозиуми на тема „Поезијата – војна и мир меѓу јазиците“ и традиционалната Ноќ без интерпункција.

Покрај од Македонија, на 52. СВП ќе учествуваат околу 50 истакнати поети од Бугарија, Грција, Англија, Германија, Египет, Индија, Јапонија, Израел,Кина, Русија, Полска, Шпанија, Куба…

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“