Во Грција упасени шверцери со македонски цигари без бандерола

Од:

Полицијата во северниот грчки град Козани упаси татко и син кои шверцувале цигари од Македонија наменети за грчкиот пазар, јави дописникот на МИА од Атина.

Полицијата запрела автомобил со кој управувал 55-годишнен маж и во него нашла 118 кутии цигари кои немале бандероли. Уапсениот признал дека цигарите ги купил во Македонија за да ги продава во Грција. При проверката на неговиот дом во Козани, полицијата пронашла и конфискувала уште 163 кутии цигари.

Полицијата потоа извршила претрес и во продавницата чиј сопственик бил уапсениот, при што утврдила дека неговиот 23-годишен син продава нелегални цигари. При претресот на дуќанот пронадени се уште 105 илегални кутии цигари, хартија за виткање тутун, десет пакети со филтери за цигари, два тефтери во кои е водена евиденција за купување и продавање на шверцуваните цигари, 2.430 евра, лажна банкнота од 100 евра, 14.130 македонски денари, десет албански леки и 40 американски долари.

Таткото и синот се изведени пред јавниот обвинител на Козани под обвиненија за нарушување на Законот за продавање цигари и ставање во промет фалсификувани пари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он