„Градежните активности со полна динамика продолжуваат до крајот на летото, нови 5000 метри локални патишта, онаму каде е најпотребно“, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„Добро е да се види задоволството кај жителите од тековните проекти и активности. Денес од утро на терен во Стопански Двор, Волково и Ново Село, во најава за идните инфраструктурни проекти.
Наследивме децениски проблеми кој со многу труд и посветеност ги решаваме. Знам дека не може се оддеднаш, но кога има воља и со максимална посветеност проблемите се решаваат“, вели Стојкоски.