Експлозии во Белорусија

Од:

Според извештаите, во средата вечерта се слушнале експлозии во близина на границата на Украина и Белорусија, од белоруска страна.

Франак Виачорка, висок советник на лидерот на опозицијата Светлана Цикановскаја, рече дека слушнал „најмалку осум експлозии“ околу 1 часот по полноќ во регионот Хомиел во близина на границата со Украина.

„Најмалку осум експлозии во регионот Хомиел во близина на границата со Украина. Според очевидци, експлозиите се случиле во близина на аеродромот Зиабраука. Руски воени авиони често се стационирани таму“, напиша тој на Твитер.

Според белоруското Министерство за одбрана, воените вежби требало да се спроведат точно во моментот кога се слушнале експлозиите. Сепак, нема потврда дали експлозиите се поврзани со вежбите.

Аеродромот Зиабраука го користеа руските вооружени сили во војната против Украина.

Вооружените сили на Украина, исто така, соопштија дека добиле информации дека може да се слушнат експлозии во близина на аеродромот Зиабраука.

Претходно белоруското Министерство за одбрана најави спроведување на вежби на воздухопловните сили.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна