Приведено лице од скопско, предизвикало пожар на отворен простор

Од:

Вчера вечер, во 19.20 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Полициска станица Драчево е лишен од слобода 59-годишниот Ф.С. од село Долно Количани, скопско, извести МВР.

– Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11.55 часот, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено, соопшти МВР.

Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас