СБ на ОН утре ќе расправа за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во јужна Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на инсталацијата.

Извори блиски до кинеското претседателство со Советот за безбедност изјавија дека состанокот е закажан за 11 август во 15 часот по локално време.

Други дипломатски извори наведуваат дека средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи утре попладне на барање на Русија.

Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Велика Британија.

Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа „Запорожје“ што од март е под руска контрола.

Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара атомската централа да биде вратена под ингеренции на украинските власти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски