Американската Агенција за национална безбедноста (НСА) може да следи околу 75 проценти од американскиот интернет сообраќај при активности за собирање на странски разузнавачки податоци, пишува весникот „Волстрит џурнал“.
Според весникот, кој се повикува на сегашни и поранешни службеници во НСА, овој процент е поголем од откривањето на скандалот досега.
НСА ја чува содржината на некои пораки испратени меѓу американски граѓани и ги филтрира внатрешните телефонски разговори преку интернет.
Филтрирањето се врши во соработка со телекомуникациските компании и е наменето да ги следи комуникациите кои доаѓаат од странство или се насочени кон странство, како и повиците кои се целосно меѓународни но минуваат низ САД.
Според весникот ваквата мрежа покажува дека НСА може да следи се што се случува на Интернет.