Полициски службеници од Кавадарци уапсиле двајца малолетници од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
Тие извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг продажен објект, одзеле од касата пари.
По преземени мерки и активности е констатирано дека 1.7.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид.
Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.