Американскиот актер Стивен Сигал снима документарен филм за ситуацијата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин по средбата со Сигал.
„Да, тој снима документарец за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во притворскиот центар Јеленовка. Некои од затворениците беа убиени неодамна во ракетен истрел од украинска страна“, рече Пушилин на својот канал „Телеграм“. објави ТАС С.
Пушилин рече дека Сегал забележал дека 98 отсто од оние кои зборуваат за конфликтот во бројни медиуми не се на терен и затоа светот не ја ни знае вистината.
„Сигал сака да го промени ставот на светот кон оваа војна, но тоа нема да биде лесна задача, сепак, му посакувам среќа“, додаде Пушилин.
Сигал го посети Донбас заедно со Леонид Слуцки, лидер на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), кој е директор на меѓународниот комитет на руската Државна дума.
Вчера беа објавени фотографии од Сигал во затворот Оленивка во кој неодамна беа убиени педесетина бранители на Мариупол. Украина и Русија меѓсебно се обвинуваат за маскарот на заробениците.