Воздухопловните сили на Белорусија денеска започнаа воена вежба што ќе се одвива во соработка со Русија, пренесе Бета.
Според белоруското Министерство за одбрана, вежбата вклучува употреба на боева муниција и ќе биде реализирана во две фази. Првата ќе биде во Белорусија, а втората во руската воена база Ашулук, близу границата со Казахстан.
Вежбите во руската база ќе траат од 22 до 25 август.
Извор: МИА