(ВИДЕО) Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет

Од:

„За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата. Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и Северна Македонија да стане 30та членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет.

Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг. Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет.

Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста. Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции.

И денеска ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.

Многу брзо ќе се покаже дека и оваа лага на ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне како меур од сапуница. Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси.

Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите.

За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он