Пунктови за донирање школски прибор, храна и облека

Од:

Во пресрет на новата учебна 2013/2014 година, неколку здруженија организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор, храна и облека.

Акцијата ќе се спроведе во сабота, 24 август, од 10 до 13 часот, на пунктови за донирање во маркетите на „Тинекс“ во Скопје (Зебра и Раде Кончар), Охрид и Штип.

– Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на учебната година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства, соопштија организаторите.

Акцијата на невладините организации Уметност на живеење-Арт лајф, СУНА и Банка за храна Македонија е дел од активностите за борба против сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование