Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека е многу разочаран од првиот натпревар на тимот во Премиерлигата под негово водство. Неговиот тим загуби со 1:2 од Брајтон на „Олд Трафорд“.
Сепак, Холанѓанецот истакна дека е целосно свесен дека ќе треба време за работите да се случат онака како што тој посакува.
„Тоа дефинитивно беше неуспех. Вистинско разочарување, но мора да се справиме со тоа. Од самиот почеток знаев дека нема да биде лесно. Тоа е процес и бара време, но немаме време, а мора да победуваме. Требаше да одиграме многу подобро. Веќе ги анализирав головите што ги примивме. Имавме големи грешки во организацијата на нападите. Треба да извлечеме поука. Не сум среќен, воопшто не сум среќен бидејќи загубивме“, изјави Тен Хаг.
Извор: Топспорт