Шпанија славеше со 5 поени разлика

Од:

Македонските кошаркари загубија од европскиот шампион Шпанија со 66:61 на контролниот натпревар во Сантијаго де Компостела.

Третиот период беше најдобар на нашите кошаркари кој го добија со 24:13, но не усеаја да направат целосен пресврт и да слават на овој пријателски натпревар.

Секако, треба да се жали за пропуштената шанса да се направи целосен пресврт кон средината на последната четвртина, кога по минусот од 17 поени на полувремето успеавме да изедначиме на 54:54.

Но, заморот од постојаното бркање на резултатот, како и серијата на Шпанија од 10:0 по тоа изедначување значеа и дефинитивна победа на домаќинот пред својата публика во Сантијаго де Компостела.

Најефикасен во нашите редови на овој натпревар беше Владо Илиевски, кој успеа да постигне 14 поени. Ѓорѓи Чековски додаде 11 поени, а Дамјан Стојановски и Тодор Гечевски ги следеа со по 10 поени додека Марк Гасол со 17 поени беше лидер на Шпанија за која Хозе Калдерон постигна десет поени.

По овој дуел со Шпанците утре на нивни терен нè очекува уште една контрола со бранителот на тронот на претстојниот Евробаскет, по што нашата делегација патува на турнир во Германија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ