Кина денеска најави дека ќе одржи воени вежби во близина на јужниот дел на Жолтото Море и Бохај, во близина на Јужна Кореја. Се очекува вежбите да започнат утре и да траат до 8 септември.
Источната команда на кинеската војска објави на платформата Weibo дека ќе продолжи да спроведува координирани поморски и воздушни воени вежби околу Тајван, а фокусот на овие вежби ќе биде тестирање на воздушни напади од копно и воздушни напади со долг дострел, пренесуваат локалните медиуми.
Извор: МИА