Два брода од Турција и еден од Бугарија испловија од украинските пристаништа, изјави шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев.
„Како дел од спроведувањето на иницијативата за меѓусебно разбирање за безбеден транспорт на жито од украинските пристаништа, бродовите Најви Стар (Турција, натоварен со пченка), Поларнет (Турција, натоварен со пченка) и Рожен (Бугарија, натоварена со пченка). Русија е строго посветена на своите обврски од договорот со цел да се обезбеди извоз на жито и минерални ѓубрива од украинското пристаниште“, рече Мизинцев, пренесе ТАС С.