На подрачјето на општина Дојран утре почнувајќи од 5 часот наутро ќе се изврши прскање против комарци и муви.
Запрашувањето ќе почне во ридското подрачје на градот, ќе продолжи во централното подрачје на шеталиштето, плажите, парковите и покрај регионалниот пат, а ќе заврши со повторено прскање во горните зони како и во пределите со трска.
Препаратот што ќе биде употребен за прскање не е штетен за луѓето, флората и фауната. Од општината единствено апелираат само до пчеларите во наведениот термин да ги заштитат пчелните семејства.