Унгарскиот премиер Виктор Орбан на конференцијата на американските конзервативци изјави дека Западот е заглавен во „судир на цивилизации“.
Говорејќи во Далас во четвртокот, Орбан рече: „Христијански политичар не може да биде расист“.
Унгарскиот премиер исто така рече дека оние кои го сметаат за расист или антисемитист се „едноставно идиоти“.
„Веќе можам да ги видам утрешните наслови“, рече тој. „Екстремно десничарскиот европски расист и антисемитски моќник, Тројанскиот коњ на Путин, одржува говор на конзервативната конференција. Но, не сакам да им давам идеи, тие најдобро знаат како да пишуваат лажни вести“ – рече Орбан.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, ги критикуваше поранешниот американски претседател Барак Обама, демократскиот мега-донатор Џорџ Сорос и „глобалистите“.
„Мораме да ги вратиме институциите во Вашингтон и во Брисел. Мораме да го координираме движењето на нашите војници, бидејќи се соочуваме со истиот предизвик“ – рече унгарскиот премиер.
Им порача на присутните дека имаат две години да се подготват очигледно повикувајќи се на претседателските избори во САД во 2024 година.
Орбан предизвика овации кога читаше од унгарскиот устав, според кој бракот е само меѓу еден маж и една жена.
„Помалку драг кралици и повеќе Чак Норис“, рече тој.
Во вторникот, Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот клуб за голф во Њу Џерси.Трамп – кој го опиша Орбан во изјава како негов пријател – ќе се обрати до CPAC во сабота.