Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека пресудата на рускиот суд против американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор под обвинение за поседување дрога во Русија е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.
„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.
Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерот, саканите, пријателите и соиграчите“.
Извор: МИА