Американскиот Сенат го поддржа влезот на Финска и Шведска во НАТО

Од:

Американскиот Сенат вчера го одобри влезот на Финска и Шведска во НАТО, што претставува најзначајното проширување на 30-члената Алијанса од 1990-тите, а кое доаѓа по руската инвазија врз Украина.

Сенатот со 95 гласови „за“ и еден „против“ гласаше за поддршката на ратификацијата на пристапните документи на двете скандинавски земји, значително надминувајќи го двотретинското мнозинство од 67 гласови потребни за ратификација.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, која постојано ги предупреди двете земји да не се приклучат кон Алијансата.

Сите 30 членки на НАТО во јули го потпишаа пристапниот протокол за Шведска и Финска, дозволувајќи им да се приклучат кон нуклеарниот сојуз, предводен од САД, откако сите земји членки ќе ја ратификуваат одлуката.

Ратификацијата на договорите може да потрае и до една година, иако неколку земји веќе ја одобрија, вклучувајќи ги Канада, Германија и Италија.

Сенаторите од двете партии дадоа јасна и силна поддршка за членството на двете земји, опишувајќи ги како важни сојузници чии модерни војски веќе тесно соработуваа со НАТО.

-Квалификациите на овие две просперитетни, демократски нации се извонредни и ќе служат за зајакнување на НАТО алијансата, рече демократскиот сенатор Боб Менендез, претседател на Комитетот за надворешни односи, барајќи ја поддршката од сенаторите пред гласањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сенатот одобри милијарди помош за Украина, веднаш се огласи Зеленски

Демократите го зголемија мнозинството во Сенатот

Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина

Американскиот претседател отсега нема да може сам да одлучи земјата да истапи од НАТО

Жарко Настоски

Во Конгресот на САД распит за пропустите во обезбедувањето пред нападот на 6 јануари

Катерина Ѓуровски

Пелоси: Меконел е лицемер, републиканците го погазија Уставот на САД