Над 10.000 туристи летуваат во Дојран

Од:

Во периодот кога цветаат алгите во езерото, Дојран е преполн со гости. Според раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски во моментов повеќе од 10.000 туристи летуваат покрај Дојранското езеро.

– Дојран по традиција е најпривлечен во август, а најатрактивен токму сега кога може да се искористат благодетите на водата и лековитите алги, нагласи Митаноски и додаде дека бројката на туристи веројатно е многу поголема затоа што полни се и комерцијалните капацитети.

По речиси децениска пауза годинава за прв пат во Дојран се забележува присуството на голем број транзитни гости, најчесто од Србија, кои привлечени од гостопримливоста на месното население и пристапните цени се задржуваат по неколку дена.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски