Тодоров: Со паралелен увоз на лекови конкуренција и пониски цени

Од:

Конкуренција и пониски цени на лековите очекува министерот за здравство Никола Тодоров со измените што се планираат во инструментот паралелен увоз на лекови, како дел од првичната верзија за промена на Законот за лекови и медицински помагала.

– Со законските одредби за паралелниот увоз на лекови сакаме сериозно да ја олесниме процедурата за паралелен увоз, без притоа да влијаеме негативно на позитивната поставеност на системот досега. Во групата на држави од коишто може да се врши паралелен увоз се додаваат и Русија и Турција, рече Тодоров на денешната јавна расправа за законските измени со претставници на веледрогерии, клиники, лекарски комори и асоцијации.

Измени има и во делот на документите што треба да се достават за добивање одобренија, а првпат ќе се воведе паралелен увоз и кај медицинските помагала, за што се дефинираат повеќе услови, при што клучен е сертификатот за сообразност за гарантиран квалитет на помагалото.

Се предлага и обврска за лекарот задолжително да провери дали пропишаниот лек може да има несакани ефекти при интеракција со останатите лекови што ги прима пациентот, а фармацевтот при издавање на лекот да го предупреди пациентот за можните несакани ефекти при интеракција на лековите.

– Идејата е во системот „Мој термин“ да инкорпорираме уште еден дел при кој секогаш кога ќе се препишува определен лек на докторот да му бидат ставени на увид сите лекови кои имаат интеракција со него, појасни Тодоров.

Во тек на расправата Драган Конески, претседател на Асоцијацијата на увозници на иновативни фармацевтски компании, праша каква ќе биде добивката за здравствениот систем и за граѓаните од паралелниот увоз.

– Со паралелниот увоз може да се јави проблем со фалсификати на фармацевтскиот пазар, што директно би довело до ситуација граѓаните да се изложат на ризик по нивното здравје. До јуни 2013 во ЕУ Интерпол има заплането 11 милиони лекови, а два милиони во Турција, наведе Конески, кој побара и прочистување на позитивната листа на лекови.

Според министерот Тодоров, добивката од паралелниот увоз е зголемена конкуренција во системот. – Со внесување здрава конкуренција, запазувајќи ги нормите коишто обезбедуваат квалитет и не дозволуваат негово намалување, бенефитот за граѓаните и за системот ќе биде голем. Како резултат на ова очекуваме да се намалат определени цени, да се намалат трошоците и да се ослободат пари коишто ќе може да се релоцираат за други продуктивни трошења, наведе Тодоров.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството