На 1.8.2022 околу 19 часот во ОВР-Струга, К.М. од село Добовјани пријавил дека на ул.„Боро Шајн“ се наоѓал Г.К.(43) од Р.Албанија, по што бил пренесен во Медицински центар-Струга.
Според пријавеното, околу 18.45 часот, во близина на казино во Струга, едно лице со остар предмет го нападнало нанесувајќи му повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.